Велигден промени сѐ
Велигден промени сѐ, како за апостолот Петар тогаш, така и за нас сега.
Петар продолжи да живее според повикот на Господ Исус. Стана пастир на Божјото стадо. Вистински пожртвуван слуга-водач, кој знае што значи да згрешиш, да не успееш, и повторно да бидеш прифатен и љубен од Бог. Тој беше сигурен во Божјата љубов за него. Живееше радосно, изобилно и пожртвувано како и Неговиот Спасител. Тој радосен и изобилен живот, како и животот на Исус, нѐ исклучуваше страдања.

Оваа радосна вест (Исус е живиот и воскреснат Господ и Спасител) е и за нас денес. Како и за Петар тогаш, така и за нас денес, Тој исполнува три наши најдлабоки потреби:
Потреба за спасение. Едноставно, секој сака да живее, а не да умре. Секој сака да биде безусловно љубен и прифатен. Токму тоа спасение го имаме во Исус. Како што Исус го љубеше Петар кој трипати се одрече од Него, така те љуби и тебе и мене. Како што е напишано: “Бог толку го возљуби светот што го даде својот единствен (уникатен) Син, та секој кој што верува во Него да не умре туку да има вечен живот.” Секој сака радост и изобилен живот. Исус вели: Јас дојдов да им дадам живот и тоа живот во изобилство. Тој на крстот, преку Неговата смрт нѐ откупи. Плати за нас, нѐ оправда. Неговата жртва е доволна да го покрие секој наш грев.
Животна цел. Едноставно, потребна ми е смисла во животот. Нешто вредно за кое ќе живеам. Оној кој поверувал во Исус е мртов за гревот (за погрешниот начин на живот), а жив за Бог (за праведниот начин на живот). Како што Исус имаше животен повик за Петар, така има и за тебе и за мене. Авантура! Најопшто кажано тој повик е да Му служиш на Бог. Да Го љубиш Бог и својот ближен. Поконкретно Бог ќе ти открие на кој начин, каде со кого…
Начин на живот. Исус го нуди вистинскиот начин на живот. Тој живот е окарактеризиран со силата на Светиот Дух. Таквиот твој живот, исполнет со Духот, ќе произведува во тебе плод: љубов, радост, мир, долготрпеливост, добрина… Од ден на ден, како што го следиш Исус и како што подобро Го запознаваш, ќе стануваш посличен на Него. Во животот на Петар имаше падни-стани. Тоа е често и нашата реалност. Но Бог не се откажува од нас. Не се откажувај ни ти од Него. Преку силата на Светиот Дух ти ќе живееш со длабока вера, надеж и љубов. Изобилно.
"Затоа и ние, имајќи околу нас толкаво мноштво сведоци (кои верно живееле пред нас) да ги положиме настрана: секое бреме и гревот кој нѐ сплеткува лесно и да трчаме со трпение на трката што ни е поставена пред нас; гледајќи во Исуса, Почетникот и Исполнителот на нашата вера, Кој, поради радоста што беше пред Него, Го претрпе крстот презирајќи го срамот и седна оддесно на Божјиот престол".
Послание на ап. Павле до евреите, Библиајта Tweet
Ова е нашето време да ја трчаме трката. Петар е еден од тие многу сведоци кои трчале пред нас. Сега тој навива за тебе и за мене. Ова е наше време. Да трчаме верно, со трпение… Да трчаме за да победиме! Со Божја сила ќе успееме.

М-р Гоце Пецов
Национален тимски водач во Cru
Проповедник во христијанска црква „Божји Глас“.
Интерактивни групи за проучување на Библијата
Велигден е одличен момент да се приклучите во една од многуте групи за проучување на Библијата. Групите се состануваат еднаш неделно, во време кое најмногу им одговара на сите. Сите имаат можност да учествуваат во читање и коментирање на пасуси од Библијата. Проучувањето трае околу еден час. Целосно се бесплатни. Групите се составени од луѓе со слична возраст…
