Велигден – само убави чувства?

велигденски јајца

Велигден – само убави чувства?

Се сеќавам, како повозрасни деца, чекавме да дојде Велигден и да организираме фудбалски натпревар помеѓу неколку екипи. Наградата не беше толку важна, но на сите ни беше важна победата. Се чувствуваше посебна атмосфера. Победниците беа радосни и за тоа се зборуваше неколку дена.


Друго нешто што го обележуваше празникот беа црвените јајца. Сите од дома избиравме некое јајце што имаше поцрвенкаста боја и мислевме дека таквите се пиливани јајца кои можат да ги кршат другите.


Во тие денови додека траеше Велигден никој од нас не размислуваше за Бог. Си поминувавме само празнично. Гледајќи го народот денес и неговото расположение, можам да заклучам дека го имаат истото чувство како ние кога бевме деца. За луѓето важно е чувството, пријателството, дружењето. Но, Велигден не треба да биде само религиозно чувство на убаво расположение. Религијата е така наштелувана што секогаш удира на чувствата и емоциите и ако си поминеш убаво значи дека си Го прославил Бог.

Ацо Митев

Проповедник во црква “Евангелие Христово“ – Битола

Интерактивни групи за проучување на Библијата

Велигден е одличен момент да се приклучите во една од многуте групи за проучување на Библијата. Групите се состануваат еднаш неделно, во време кое најмногу им одговара на сите. Сите имаат можност да учествуваат во читање и коментирање на пасуси од Библијата. Проучувањето трае околу еден час. Целосно се бесплатни. Групите се составени од луѓе со слична возраст…