Во последниов, трет, дел од оваа тема накратко ќе допреме до Новиот Завет од Библијата (животот на Исус и раната црква), а ќе размислуваме и за тоа каква практична вредност има сето ова во мојот живот тука и сега.
Има многу работи во кои луѓето ја полагаат нивната надеж денес – пари, успех, таленти, врски – но има само една основа која е здрава и само една надеж која е сигурна. Само Бог и Неговите ветувања се сигурни. Ова е заклучокот, кој авторот на Писмото до Евреите (од Новиот Завет), го дава кога зборува навракајќи се на истата оваа приказна за Авраам, со која се запознавме во вториот дел.
Time limit: 0
Квиз Summary
0 of 3 Questions completed
Questions:
Information
You have already completed the квиз before. Hence you can not start it again.
Што значи да ја дофатиш „надежта што е поставена пред нас“ и да дојдеш кај Бог како твоја „безбедна и цврста котва на душата“?
Што би се променило ако го направиш ова?
This response will be awarded full points automatically, but it will be reviewed and possibly adjusted after submission.
Прашање 2 of 3
2. Прашање
Да се потсетиме на добрата дефиниција за надежта од филозофот и теолог Далас Вилард, кој вели: „Надежта е радосно исчекување на доброто кое сеуште не е тука или е ‘невидливо’ (скриено).“ Библијата зборува за духовната, невидлива, реалност и за вечните работи. Тоа е голем предизвик за нас модерните т.е. постмодерните луѓе од 21ви век. Ние сме научиле дека само тоа што научно може да се докаже е реално, а сето останато е нереално. Но самата Библија, нашето животно искуство, сведоштвата на другите луѓе од сите времиња, историјата, добрата литература, музика и уметност, а и нашата интуиција ни кажуваат дека има нешто многу повеќе, нешто многу повеличествено. Во претходниот дел од оваа тема зборувавме за животот на Авраам и неговото лично искуство со Бог. Како Бог му даде ветување, како Авраам одлучи да му верува и да го следи Божјото водство и како Бог го оствари ветувањето кое му го даде. Ова не е единствена ваква приказна. Ова се повторува одново и одново во Библијата со многу други луѓе. А ова е вистина и за нас тука и сега. Бог е жив и Тој делува и сака да ги слушнеме Неговите ветување и да му веруваме и да го следиме. Така ќе имаме надеж која е заснована на цврста карпа и која не зависи од променливите околности. Доколку сакаш да ги знаеш Божјите ветување за тебе тогаш читај ја Библијата, размислувај, моли се, продолжи да истражуваш.
Прочитај го Римјаните 5:1-5 и воочи ја врската помеѓу верата, надежта и љубовта. Воочи го делувањето на Таткото, Синот и Светиот Дух и мирот, благодатта и оправдувањето кои ни се дадени. Воочи го патот на надежта која расте и се зголемува и во период на страдања. Воочи ја радоста/фалењето која може да ја имаме на патот на надежта без разлика на околностите. Просто прекрасно!
Секако дека има уште многу што да се прочита и истражи во врска со темава. Ова беше само едно кратко истражување. Се надеваме дека ти се допадна, дека ти беше полезно и ти даде една малку поинаква перспектива од она што вообичаено го слушаме на темава во секојдневието.
Што е нешто ново или интересно што научи од оваа тема?
Што би сакал да примениш во твојот живот од оваа лекција?
This response will be awarded full points automatically, but it will be reviewed and possibly adjusted after submission.
Прашање 3 of 3
3. Прашање
Доколку сето ова ти се допадна размисли со кого би сакал да го споделиш. Ние би можеле и нему/нејзе да му/ја пуштиме темава по е-маил. Ти благодариме од срце што се пријави на овој Курс Обнова – се надеваме дека твојата душа на некој начин е обновена и освежена.
Имаш ли некој друг коментар или нешто да додадеш?
This response will be awarded full points automatically, but it can be reviewed and adjusted after submission.
Користиме колачиња (cookies) со цел непречено функционирање, статистики и подобрување на Вашето корисничко искуство. Детални информации за начинот на кој може да ги смените Вашите преференци за колачињата може да најдете на Политика за приватност и Политика за колачиња.Ok