45Тогаш мнозина од Јудејците што беа дошле со Марија и видоа што направи Исус, поверуваа во Него. 46Некои од нив отидоа кај фарисеите и им рекоа што направи Исус. 47Тогаш првосвештениците и фарисеите го собраа синедрионот и рекоа: „Што да правиме? Овој Човек прави многу чуда. 48Ако Го оставиме така, сите ќе поверуваат во Него и ќе дојдат Римјаните, па ќе ни ја одземат и земјата и народот.“ 49А еден, пак, од нив, Кајафа, кој таа година беше првосвештеник, им рече: „Вие ништо не знаете, 50ниту помислувате дека е поарно за нас да умре еден човек за народот, отколку сиот народ да пропадне.“ 51А ова не го рече тој сам од себе, туку, бидејќи беше првосвештеник таа година, прорече дека Исус ќе умре за народот; 52и не само за народот, туку и за да ги собере заедно растурените Божји чеда. 53Од тој ден се согласија да Го убијат. 54Заради тоа Исус веќе не одеше јавно меѓу Јудејците, а оттаму отиде во крај, близу една пустина, во градот наречен Ефрем, и таму се задржа со учениците Свои. 55А се наближуваше Пасха јудејска и мнозина од тој крај отидоа во Ерусалим пред Пасха, за да се очистат. 56Тогаш Го бараа Исуса и, стоејќи во храмот, си разговараа меѓу себе: „Што мислите? Нема ли да дојде на празникот?“ 57А првосвештениците и фарисеите беа веќе издале заповед, ако некој дознае каде е, да јави, за да Го фатат.