Што е вера и зошто е важна?

Во овој прв дел од темава преку неколку прашања и поенти се поврзуваме со нејзината важност во нашиот живот. Ова ќе ни послужи како вовед во вториот и третиот дел од истражувањето на оваа тема.

Што е вера (доверба, сигурност) и која е нејзината важност за мене, за нас, тука и сега?

Многу клучни животни прашања се поврзани со оваа тема. Како може да верувам во нешто или да имам доверба во некого во овој свет на лаги? Ова е време на толку многу теории на заговор. Има ли нешто чисто, праведно и вистинско кое е вредно за верување? Како верата/довербата се поврзани со живеење на квалитетен живот? Некаде слушнав дека теориите на заговор произлегуваат од недостаток на доверба во авторитети. Тоа секако дека има голема смисла. Општествените авторитети како државата и државните (политичките) лидери, многу богатите бизнис лидери (милјардери), црквата и црковните водачи, науката и научните авторитети, во голема мера го изгубија или драстично го губат својот кредибилитет поради низата корупциски скандали и поради силата (моќта) која сакаат да ја употребат (злоупотребат) за контролирање на луѓето со цел да остварат некои свои агенди. Лесно може да се заклучи дека многу важни и големи работи во светот општо и во животите на сите поединци на овој свет се поврзани со верата/довербата/лојаноста. Сето ова вреди да се истражува.

Во вториот дел ќе разгледаме една многу позната приказна од Стариот Завет која е повразна со оваа тема и ќе ни даде понатамошен и подлабок увид во работите кои се наш моментален предмет на проучување.

Skip to toolbar