Поврзување со мојата приказна и секојдневие

Во последниов, трет, дел од оваа тема накратко ќе допреме до Новиот Завет од Библијата (животот на Исус и раната црква), а ќе размислуваме и за тоа каква практична вредност има сето ова во нашиот живот тука и сега.

Исус и Римскиот стотник

Прочитај го текстот од ев. Лука 7:1-10.

1 И кога ги заврши сите Свои зборови кон народот, што слушаше, влезе во Капернаум.
2 А слугата на еден стотник беше тешко болен, на умирање, кого многу го сакаше.
3 Па штом слушна за Исус, ги прати кај Него старешините јудејски, молејќи Го да дојде и да го спаси слугата негов.
4 А тие, кога дојдоа кај Исус, Го молеа усрдно и велеа: „Достоен е да му го направиш тоа,
5 зашто го сака нашиот народ и синагогата тој ни ја направи.“
6 И тргна Исус со нив. А кога беа веќе близу до куќата, стотникот ги прати пријателите кај Него, говорејќи: „Господи, не труди се, зашто не сум достоен да влезеш под мојот покрив;
7 затоа и себеси не се сметав достоен да дојдам кај Тебе; туку кажи само збор и мојот слуга ќе оздрави;
8 зашто и јас сум човек под власт, а имам и потчинети војници; па кога ќе му речам на еден од нив: ‚Оди!‘ – и тој оди; на другиот: ‚Дојди!‘ – и тој доаѓа; и на слугата свој: ‚Направи тоа‘ – и тој прави.“
9 Штом го слушна тоа, Исус се зачуди и кога се заврте кон народот, што врвеше по Него, рече: „Ви велам, ниту во Израил не најдов толкава вера!“
10 А кога испратените се вратија, го најдоа болниот слуга здрав.

Skip to toolbar