Во овој втор дел, ќе се фокусираме на тоа како Бог во Библијата одговара на најдлабоките прашања на мојата душа, во овој случај тоа е темата – вера/доверба.
(1 Самоилова 17:1-50, Библијата)
0 of 5 Questions completed
Questions:
You have already completed the квиз before. Hence you can not start it again.
Квиз is loading…
You must sign in or sign up to start the квиз.
You must first complete the following:
0 of 5 Questions answered correctly
Your time:
Time has elapsed
You have reached 0 of 0 point(s), (0)
Earned Point(s): 0 of 0, (0)
0 Essay(s) Pending (Possible Point(s): 0)
1Филистејците ги собраа своите чети и се состанаа кај Сокхот во Јудеја. Се влогорија меѓу Сокхот и Азика кај Ефес Дамим.
2А Саул и Израелците се собраа и се влогорија во Теребинската Долина и се наредија за бој против Филистејците.
3Филистејците стоеја на гората од едната страна, Израелците на гората од другата страна, а долината беше меѓу нив.
4Од филистејските редови излезе еден предизвикувач. Се викаше Голијат, а беше од Гат. Беше висок шест лакти и една педа.
5На главата имаше бронзена кацига, беше облечен во лушпест оклоп, а оклопот му беше тежок пет илјади бронзени сикли.
6На нозете имаше бронзени ногалки, а на рамената бронзен штит.
7Дршката на неговото копје беше како ткајачко кросно, а врвот на копјето тежеше шест стотини железни сикли. Пред него врвеше штитоносец.
8Тој застана пред израелските бојни редици и им викна: „Зашто сте излегле да се наредите за битка? Не сум ли јас Филистеец, а вие Саулови слуги? Изберете од вас еден човек па нека слезе кон мене!
9Ако победи во борбата против мене и ако ме погуби, ние ќе бидеме ваши слуги. Ако пак јас го победам него и го погубам, тогаш вие ќе бидете наши слуги и ќе ни робувате.”
10Филистеецот рече уште: „Јас денес ги предизвикав Израелевите бојни редови. Дајте ми човек за да се обидеме во двобој!”
11Кога Саул и сиот Израел чуја што рече Филистеецот, ги опфати страв и трепет.
Саул е царот на Израел во ова време. Тој е всушност првиот цар на Израел. Во овие први единаесет стихови забележи како е опишана ситуацијата на бојното поле. Во фокусот на овој пасус се Голијат и Саул.
Опиши како се чувстувал Голијат, а како се чувствувал Саул (и Израелците) и зошто, на што се фокусираа?
This response will be awarded full points automatically, but it will be reviewed and possibly adjusted after submission.
12Давид му беше син на некој си Ефраќанец од Витлеем во Јудеја; тој се викаше Јесеј, а имаше осум синови. Тој човек, во Сауловото време, беше стар и напреднат во годините.
13Трите најстари Јесееви синови беа отишле по Саула во војна; а тие три негови синови, кои беа отишле во војна, се викаа: најстариот Елијав, вториот Авинадав, а третиот Сама.
14Давид беше најмлад. А трите најстари беа отишле по Саула.
15Давид одеше кај Саула и се враќаше од неговата служба, за да ги пасе стадата на својот татко во Витлеем.
16А Филистеецот излегуваше секое утро и вечер и се покажуваше така четириесет дни.
17А Јесеј му рече на својот син Давид: „Земи ги за своите браќа оваа ефа пржено жито и овие десет лебови и однеси ги побрзо кај своите браќа во логорот.
18А оние десет пити сирење, однеси ги на нивниот илјадник. Распрашај се за здравјето на своите браќа и донеси од нив знак дека си го извршил налогот!
19Тие се со Саула и со сите Израелци во Илинската Долина: војуваат против Филистејците.”
20Давид стана рано наутро, му го остави стадото на еден чувар, се приготви и отиде како што му беше заповедал Јесеј. Стигна во логорот кога војската излегуваше во боен ред и дигаше боен восклик.
21Израелците и Филистејците се наредија во боен ред едни спроти други.
22Давид ги остави своите работи на чуварот на спремата па отрча во бојниот ред. Откако дојде ги праша своите браќа за здравјето.
Опиши го Давид од овој пасус. Кој е Давид? Кои се некои карактерни особини кои ги гледаш овде кај него?
This response will be awarded full points automatically, but it will be reviewed and possibly adjusted after submission.
23Додека разговараше со нив, ете, оној предизвикувачот (се викаше Голијат, Филистеец од Гат) излезе од филистејските бојни редови и ги повтори истите зборови како порано. И Давид ги чу.
24А штом Израелците го здогледаа тој човек, избегаа сите далеку од него, и страв ги опфати.
25Некој Израелец рече: „Дали го видовте оној човек што излезе? А излезе да го предизвикува Израел. Кој ќе го погуби него, царот ќе му даде големо благо, и ќе му ја даде својата ќерка, и ќе го ослободи од данок неговиот татковски дом во Израел.”
26Тогаш Давид ги праша луѓето, кои стоеја околу него: „Што ќе добие човекот, кој ќе го убие тој Филистеец и го симне срамот од Израел? И кој е тој необрезан Филистеец, за да ги предизвикува бојните редови на живиот Бог?”
27А народот му одговори со истите зборови како порано: „Ете тоа ќе добие човекот, кој ќе го погуби.”
28А кога Елиав, неговиот најстар брат, чу како разговараше со луѓето, пламна со гнев против Давида па му рече: „А што си дошол ти тука? Кому му ги остави оние малку овци во пустината, ја знам јас твојата дрскост и злобата на твоето срце: дојде за да ја видиш битката!”
29А Давид одговори: „А што направив? Зар не смее да се рече ни збор?”
30Тогаш се сврти од него кон друг и го праша со истите зборови како порано. Народот му одговори исто како првиот пат.
31Кога луѓето чуја што зборува Давид, му го јавија тоа на Саула, а тој го повика пред себе.
32Давид му рече на Саула: „Нека никому не му омалодуши заради оној човек! Твојот слуга ќе излезе и ќе се бори со тој Филистеец.”
Каква е врската на Давид со брат му и какво мислење имал тој за Давид? Како влијаело на Давид тоа што брат му немал никаква доверба во него?
This response will be awarded full points automatically, but it will be reviewed and possibly adjusted after submission.
Види што Бог кажува за Давид (во Дела 13:22, што е всушност цитат од Старозаветната книга на 1 Сам. 13:14): „[Бог] им го подигна за цар Давида, за кого посведочи и рече: ‘Го најдов Давида, синот Јесеев, човек по Моето срце, кој ќе ја исполни целата Моја волја.“ Што е поважно, што Бог кажува за него или што некој друг (па макар и брат му) кажува за него? Знаеме дека Бог гледа во срцето а ние луѓето гледаме површно, на надворешното. А, згора на тоа брзаме да донесеме суд за каква личноста е некој, во однос на нејзиниот карактер и мотивација.
33Ама Саул му одговори на Давида: „Не можеш ти да излезеш против тој Филистеец за да се бориш со него, зашто ти си уште дете, а тој е воин од својата младост.”
34Но Давид му одговори на Саула: „Твојот слуга му ги чуваше овците на својот татко, па кога би дошол лав или мечка па ќе фател овца од стадото,
35јас отрчував по него, го удирав и му ја истргнував овцата од устата. А ако се кренеше тој против мене го фаќав за гривата и го удирав додека не го убиев.
36Твојот слуга убил и лав и мечка, па и тој необрезан Филистеец ќе помине како еден од нив, зашто ги предизвика бојните чети на живиот Бог.”
37Давид додаде уште: „Господ Кој ме избави од лавовите кани и од мечкините шепи, ќе ме избави и од рацете на тој Филистеец.” Тогаш Саул му рече на Давида: „Отиди и Господ нека биде со тебе!”
38Саул го облече Давида во својата воена облека, на главата му стави бронзена кацига и му стави оклоп.
39Му го припаша на Давида својот меч преку облеката, но Давид напразно се обиде да оди, зашто не беше свикнал, па му рече на Саула: „Не можам да одам во тоа, зашто не сум свикнал.” Затоа сè соблече од себе.
40Давид го зеде својот стап во раката, избра во потокот пет мазни камчиња и ги стави во својата пастирска торба, што му служеше како торба за праќка, та со праќката во раката тргна кон Филистеецот.
41А Филистеецот сè поблиску му се доближуваше на Давида, додека неговиот штитоносец чекореше пред него.
42А кога Филистеецот погледна и го виде Давида, го презре заради неговата младост – Давид беше младинец, румен, со убаво лице.
43Затоа Филистеецот му рече на Давида: „Зар сум јас пес да идеш против мене со стапови?” И почна да го проколнува Давида со своите богови.
44Потоа Филистеецот му рече на Давида: „Дојди кај мене, за да им го дадам твоето месо на небесните птици и на земните ѕверови!”
45А Давид му одговори на Филистеецот: „Ти доаѓаш против мене со меч, со копје и со штит, а јас одам против тебе во името на Господа на Силите, Бога на Израелевите чети, кои ти ги предизвика.
46Денес Господ ќе те предаде во мојата рака, јас ќе те убијам, ќе ја симнам твојата глава и уште денес ќе им го дадам твоето мртво тело и телата на филистејската војска на небесните птици и на земните ѕверови. Сета земја ќе знае дека има Бог во Израел.
47И сиот овој собир ќе знае дека Господ не дава победа со меч ни со копје, зашто Господ е господар на битката, и Тој ве предава во наши раце.”
48Кога Филистеецот се доближи и тргна кон Давида, Давид излезе од бојните редови и тргна кон Филистеецот.
49Давид посегна со раката во торбата, извади камче од неа, и го фрли од праќката. И го погоди Филистеецот во челото; камчето му се закачи во челото, и тој падна ничкум на земјата.
50Така Давид со камче и праќка го победи Филистеецот: го удри Филистеецот и го уби, а немаше меч во раката.
Опиши ги чувствата на Давид, каде е неговиот фокус? Можеш ли да кажеш нешто за верата наспроти стравот?
This response will be awarded full points automatically, but it will be reviewed and possibly adjusted after submission.
Гледаме дека пред битката со Голијат, Давид имал одредено искуство, познавање на Бог и вера во Него. Најди го тој дел во текстот. Забележи какво било дотогашното негово искуство со Бог. Тој знаел за Бог пред битката. Примети како тој го имал искусено Бог на личен и моќен начин во неговиот секојдневен живот.
Секоја приказна има контекст. Никој не станува тоа што е во вакуум. Нашиот живот и карактер пред се се гледа и се оформува во и преку секојдневните работи, со луѓето што се околу нас, во нашата средина. Така е и со Давид. Пред да дојде на бојното поле, Давид беше пастир. Имаше лична врска со Бог, познавање на Бог и вера во Бог, што се гледаа и оформуваа преку неговите секојдневни случувања, во неговата средина. Но гледаме дека тоа искуство што тој го имаше со Бог во овчарството можеше да го примени или да го аплицира и на бојното поле. Размисли уште малку за следниве прашања и ако сакаш одговори на некое:
Како тој го примени неговото дотогашно знаење/познавање на Бог во новата ситуација/средина? Зошто мислиш дека иако ова е сосема различна ситуацијата од пасење овци сепак тој можел и овде да го аплицира своето знаење за Бог и верата во Него? Можно ли е да неговото искуство со Бог и со пасењето овци му дало некоја предност во однос на другите (војниците) кои биле на терен, а меѓу нив и искусни борци?
This response will be awarded full points automatically, but it can be reviewed and adjusted after submission.