Почеток на Исусовата служба
Исусовите јавни чуда
Исус се фокусира на учениците
Исусовото приведување и распнување
Исусовото воскресение

Сведоштвото на Јован Крстител

19И тоа е сведоштвото на Јован, кога Јудејците испратија од Ерусалим свеш­теници и левити за да го прашаат: „Кој си ти?“ 20Тој призна и не одрече, туку објави: „Не сум јас Христос.“ 21И го прашаа: „Кој си, тогаш? Илија ли си ти?“ И рече: „Не сум.“ „Про­рок ли си?“ И одговори: „Не.“ 22А тие му рекоа: „Па кој си, за да мо­жеме да им одговориме на оние што нѐ испратија; што велиш за себе?“ 23Тој рече: „Јас сум глас на оној што вика во пустината: израмнете го Госпо­довиот пат, како што вели пророкот Исаија.“ (Исаија 40:3) 24А испратените беа од фарисеите; 25и го запрашаа велејќи: „Зошто тогаш крштеваш, кога не си Христос, ниту Илија, ниту пророк?“ 26Јован им одговори и рече: „Јас крш­тевам со вода, но меѓу вас стои Еден, Кого вие не Го познавате. 27Тој е Оној што иде по мене, Кој бе­ше пред мене, Кому јас не сум досто­ен да Му ги одврзам ремењата од обув­ките Негови.“ 28Ова се случи во Витанија, отаде Јордан, каде што крштеваше Јован.

1.2 Прашање

Skip to toolbar