12На другиот ден, мноштво народ, кој беше дошол на празникот, кога чуја дека Исус доаѓа во Ерусалим, 13зедоа палмови гранчиња и излегоа да Го пречекаат; и извикуваа, велејќи: „Осана!1 14А Исус, откако најде едно магаре, седна на него, како што е напишано: 15„Не плаши се, ќерко, Сионова! Еве, Царот твој иде, седејќи на магаре.“ 16Но ова учениците Негови не го разбраа. А кога се прослави Исус, тогаш се сетија дека тоа беше напишано за Него и дека Му го направија тоа. 17Народот, што беше со Него кога Тој го извика Лазар од гробот и го воскресна од мртвите, сведочеше. 18Затоа и Го пречека народот, зашто беше чул дека тоа чудо го направи Тој. 19А фарисеите си велеа меѓу себе: „Гледате ли дека ништо не помага? Ете, светот тргна по Него!“
1 12,13. На еврејски Хошиана – Спаси нѐ! – месијански восклик. Благословен е Кој доаѓа во името Господово, Царот Израилев!“