1На третиот ден имаше свадба во Кана Галилејска и мајката на Исуса беше таму. 2На свадбата беа поканети и Исус и Неговите ученици. 3А кога приврши виното, Му рече мајка Му на Исуса: „Немаат вино.“ 4Исус ѝ рече: „Што бараш од Мене, жено? Уште не дошол Мојот час.“ 5Но мајка Му Негова им рече на слугите: „Сѐ што ќе ви рече, направете!“ 6А таму имаше шест камени садови за вода, поставени според јудејскиот обичај за очистување, што собираа по две до три мери. 7Исус им рече: „Наполнете ги садовите со вода!“ И тие ги наполнија до горе. 8Па им кажа: „Нацрпете сега и однесете му на старосватот!“ И му однесоа. 9И кога вкуси старосватот од виното, што беше станало од вода – а тој не знаеше од каде е, но слугите, што ја беа донеле водата, знаеја – старосватот го повика младоженецот, 10и му рече: „Секој човек најнапред го изнесува доброто вино, а кога ќе се поднапијат, тогаш полошото; но ти си го чувал доброто вино до сега.“ 11Со ова направи Исус почеток на чудата во Кана Галилејска и ја покажа славата Своја; и учениците Негови поверуваа во Него. 12Потоа слезе во Капернаум, Тој и мајка Му, браќата Негови и учениците Негови; и таму остана неколку дена.