Почеток на Исусовата служба
Исусовите јавни чуда
Исус се фокусира на учениците
Исусовото приведување и распнување
Исусовото воскресение

Смртта на Лазар

1Беше, пак, болен некој си Лазар, од Витанија, од селото на Марија и нејзината сестра Марта. 2А Марија, чиј брат Лазар се разболе, беше онаа која Го помаза Господа со миро и ги избриша нозете Негови со својата коса. 3Тогаш сестрите нарачаа по Него, ве­лејќи: „Господи, ете, оној што го милуваш, болен е.“ 4Штом чу Исус, рече: „Таа болест не е за умирање, туку за слава Божја, за да се прослави Синот Божји преку неа.“ 5А Исус ги сакаше Марта, нејзината сестра, и Лазар. 6А кога чу дека е болен, тогаш остана уште два дни во местото каде што се наоѓаше. 7Потоа им рече на учениците: „Да отидеме пак во Јудеја!“ 8Учениците Му рекоа: „Рави, сега сакаа да Те убијат со камења, и пак ли таму ќе одиш?“ 9Исус одговори: „Нели има дванаесет часови во денот? Кој оди дење, не се сопнува, зашто ја гледа светлината на овој свет; 10а кој оди ноќе, се сопнува, зашто нема светлина во него.“ 11Ова им го кажа, а потоа им рече: „Лазар, пријателот наш, заспал; но одам да го разбудам.“ 12Тогаш учениците Негови рекоа: „Господи, ако заспал, ќе стане.“ 13Исус го рече тоа за смртта негова, а тие мислеа дека говори за заспивање со сон. 14Тогаш Исус рече отворено: „Лазар умре! 15Но се радувам заради вас што не бев таму, та да поверувате – туку, да отидеме кај него.“ 16Тогаш Тома, наречен Близнак, им рече на учениците: „Да отидеме и ние да умреме со него.“

Skip to toolbar