Почеток на Исусовата служба
Исусовите јавни чуда
Исус се фокусира на учениците
Исусовото приведување и распнување
Исусовото воскресение

Словото на Исус ќе суди

44А Исус извика и рече: „Кој верува во Мене, не верува во Мене, ту­ку во Оној Кој Ме пратил, 45кој Ме гледа мене, Го гледа Оној Кој Ме пратил. 46Јас – Светлина – дојдов во светот, така што никој, кој верува во Мене, да не остане во темнина. 47И ако некој ги чуе зборовите Мои, и не поверува, Јас нема да го судам, заш­то не дојдов да му судам на светот, туку светот да го спасам. 48Кој се откажува од Мене и не ги прима зборовите Мои, има Кој да го су­ди: Словото што го кажав, тоа ќе го осуди во последниот ден. 49Зашто Јас Сам од Себе не зборувам, но Отецот, Кој Ме прати. Тој Ми даде заповед што да кажам и што да зборувам. 50И знам дека заповедта Негова е жи­вот вечен. А она што го зборувам Јас, го зборувам така, како што Ми рече Отецот.

Skip to toolbar