Радосно исчекување

Во овој прв дел од темава преку неколку прашања и поенти се поврзуваме со нејзината важност во нашиот живот. Ова ќе ни послужи како вовед во вториот и третиот дел од истражувањето на оваа тема.

Ние сите сакаме да слушнеме добри вести за нашата иднина. Ако овие вести ги слушнеме од некој експерт или авторитет склони сме да ги веруваме. Всушност, надежта е огромна потреба што секој од нас длабоко ја чувствува. Светот во којшто живееме е технолошки напреден. Политичарите, научниците, експертите нè уверуваат и ни ветуваат дека науката, општествениот и економски напредок ќе ни донесат подобра иднина. Сепак ние секојдневно сме соочени со кризите и неизвесностите кои ги носи животот.

Skip to toolbar