Почеток на Исусовата служба
Исусовите јавни чуда
Исус се фокусира на учениците
Исусовото приведување и распнување
Исусовото воскресение

Првите Исусови ученици

35А на другиот ден, пак, стоеше Јован и двајца од неговите ученици. 36И штом Го виде Исуса како оди, рече: „Еве Го Јагнето Божјо!“ 37Кога ги чуја од него тие зборови, обата ученика отидоа по Исуса. 38А Исус, кога се сврте и виде дека одат по Него, им рече: „Што барате?“ Тие Му одговорија: „Рави, што значи – Учителе, каде живееш?“ 39Им рече: „Дојдете и видете!“ Тие отидоа и видоа каде живее и останаа тој ден кај Него. Беше околу десеттиот час.[a] 40А еден од двајцата, што беа чуле за Исус и беа тргнале по Него, беше Ан­дреј братот на Симон Петар. 41Тој прво го најде брата си Симона и му рече: „Го најдовме Месијата[b], што значи: Христос.“ 42И го одведе кај Исуса. А Исус го погледна и му рече: „Ти си Симон, си­нот на Јона; ти ќе се наречеш Кифа, што значи: Петар[c].“

Месија на еврејски и Христос на грчки значат Помазаник т.е. посебен Божји пратеник.

×

На еврејски Кифа (на грчки Петар) значи камен или карпа.

×

Околу 16 часот.

×

Skip to toolbar