18„Ако светот ве мрази, знајте дека мене светот уште пред вас Ме замрази. 19Да бевте од овој свет, тогаш светот ќе го љубеше своето; но бидејќи не сте од светот, туку Јас ве избрав од светот – затоа светот и ве мрази. 20Помнете ги зборовите што ви ги реков Јас: ниеден слуга не е поголем од својот господар. Ако Мене Ме гонеа, и вас ќе ве гонат; ако Моите зборови ги запазија, и вашите ќе ги запазат. 21Но, сето ова ќе ви го прават заради Моето име, зашто не Го знаат Оној Кој Ме испрати. 22Да не бев дошол и да не им бев зборувал, грев немаше да имаат. Но сега немаат изговор за својот грев. 23Кој Ме мрази мене, Го мрази и Мојот Отец. 24Ако не бев направил меѓу нив дела, какви што никој друг не направил, грев немаше да имаат; а сега и видоа, и Ме замразија Мене и Мојот Отец. 25Но нека се изврши словото напишано во нивниот Закон дека Ме замразија и без вина. 26А кога ќе дојде Утешителот, Кого што ќе Го испратам Јас од Отецот, Духот на Вистината, Кој излегува од Отецот, Тој ќе сведочи за Мене; 27а и вие ќе сведочите, бидејќи од почетокот сте со Мене.“