Почеток на Исусовата служба
Исусовите јавни чуда
Исус се фокусира на учениците
Исусовото приведување и распнување
Исусовото воскресение

Неверството на народот

37Иако толку чудесни знаци беше направил пред нив, тие пак не веруваа во Него, 38за да се исполни словото од пророкот Исаија, кој рече: „Господи, кој поверува во она што чул од нас? И ра­ката Господова кому се откри?1“ 39Тие затоа не можеа да поверуваат, зашто Исаија уште вели: 40„Ги ослепи очите нивни, ги скамени срцата нивни, за да не гледаат со очите и со срцето да не разбираат, и да не се обратат за да ги излекувам.2“ 41Ова го рекол Исаија кога ја беше видел славата Негова и зборувал за Не­го. 42Но, и од началниците мнозина по­веруваа, само заради фарисеите не признаваа за да не бидат исклучени од синагогата; 43зашто им беше помила човечката слава отколку славата Божја.


1 Исаија 53:1
2 Исаија 6:10

Skip to toolbar