Почеток на Исусовата служба
Исусовите јавни чуда
Исус се фокусира на учениците
Исусовото приведување и распнување
Исусовото воскресение

Исусовиот разговор со Никодим

1Меѓу фарисеите имаше еден човек по име Никодим, началник јудејски. 2Тој дојде кај Исуса ноќе и Му рече: „Рави! Знаеме дека си учител, дојден од Бога, зашто никој не може да ги прави овие чуда што ги правиш Ти, ако Бог не е со него.“ 3Исус му одговори и рече: „Вистина, вистина ти велам: ако некој не се роди одозгора, не може да го види царството Божјо.“ 4Никодим Му рече: „Како може чо­век да се роди кога е стар? Зар може по вторпат да влезе во утробата на мајка си и да се роди?“ 5А Исус му одговори: „Вистина, вис­тина ти велам: ако некој не се роди од вода и Дух, не може да влезе во цар­ството Божјо6зашто, роденото од тело, е тело; а роденото од Дух, е дух. 7Затоа, не чуди се што ти реков: вие треба да се родите одозгора. 8Ветрот дува каде што сака и гласот негов го слушаш, но не знаеш од каде иде и на каде оди; така е со секој човек роден од Духот.“ 9Никодим Му одговори и рече: „Како може тоа да биде?“ 10Исус одговори и му рече: „Ти си учител израилев, па тоа ли не го зна­еш? 11Вистина, вистина ти велам: ние збо­руваме за она што знаеме, и сведочиме за она, што сме виделе; а вие нашето сведоштво не го примате. 12Кога за земни работи ви зборувам и не верувате, како ќе поверувате кога би ви говорел за небесните? 13Никој не се искачил на небото, ос­вен Оној Кој слезе од небото, Синот Човечки, Кој е на небото. 14И како што Мојсеј ја подигна змијата во пустината, така треба да се из­диг­не и Синот Човечки, 15па секој што верува во Него да не загине, но да има живот вечен. 16Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој што верува во Него да не загине, туку да има вечен живот. 17Зашто Бог не Го испрати Својот Син во светот за да му суди на светот, туку светот да се спаси преку Него. 18Кој верува во Него – нема да биде суден, а кој не верува, тој е веќе осуден, зашто не поверувал во името на Еди­но­родниот Син Божји. 19А овој суд е затоа што Светлината дојде на светот, но луѓето повеќе ја засакаа темнината отколку светлината, зашто нивните дела беа зли. 20Зашто секој, што прави зло, ја мра­зи светлината и не оди кон светлината, за да не бидат разоткриени неговите дела бидејќи се лукави. 21А оној што твори вистина, оди кон светлината за да се видат неговите дела, бидејќи се по Бога извршени.

3.1 Прашање

Стих за меморирање: „Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој што верува во Него да не загине, туку да има вечен живот.“ (Ев. Јован 3:16)

Skip to toolbar