17Кога дојде Исус, откри дека тој веќе четири дена е во гроб. 18А Витанија беше близу до Ерусалим, околу петнаесет стадии1; 19и мнозина Јудејци беа дошле кај Марта и Марија да ги утешат за нивниот брат. 20Кога чу Марта дека доаѓа Исус, излезе пред Него; а Марија седеше дома. 21Тогаш Марта Му рече на Исус: „Господи, ако беше Ти овде, брат ми немаше да умре. 22Но и сега знам што и да посакаш од Бога, Бог ќе ти даде.“ 23Исус ѝ рече: „Твојот брат ќе воскресне!“ 24Марта Му рече: „Знам дека ќе воскресне при воскресението, во последниот ден.“ 25А Исус ѝ рече: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во Мене, и да умре, ќе живее. 26И секој што живее и верува во Мене, нема да умре довека. Го веруваш ли тоа?“ 27Таа Му одговори: „Да, Господи, јас поверував дека си Ти Христос, Синот Божји, што треба да дојде во светот.“
1 11,18. Околу 3 километри.