Почеток на Исусовата служба
Исусовите јавни чуда
Исус се фокусира на учениците
Исусовото приведување и распнување
Исусовото воскресение

Исус е вистинската лоза

1Јас сум вистинската лоза, Мојот Отец е лозарот. 2Секоја прачка во Мене, што не дава род, Тој ја отсекува; и секоја, што дава род, ја очистува, за да принесе повеќе род. 3Вие сте веќе чисти преку словото, што сум ви го проповедал. 4Бидете во Мене, и Јас ќе бидам во вас. Како што прачката не може да ро­ди плод сама од себе, ако не е на лозата, така и вие, ако не бидете во Мене. 5Јас сум лозата, а вие прачките; и кој е во Мене, и Јас во него, тој ќе даде многу род; зашто без Мене не можете да на­правите ништо. 6Ако некој не остане во Мене, ќе биде исфрлен надвор, како прачка, и ќе се исуши; а таквите ќе ги соберат, и во оган ќе ги фрлат, и ќе изгорат. 7Ако останете во Мене, и зборовите Мои останат во вас, тогаш, што и да посакате, барајте и ќе ви биде. 8Со тоа ќе се прослави Мојот Отец: да носите многу род и да бидете Мои уче­ници. 9Како што Ме возљуби Отецот, и Јас ве возљубив вас. Останете во Мојата љубов! 10Ако ги запазите Моите заповеди, ќе останете во љубовта Моја, како што Јас ги запазив заповедите на Мојот Отец и останувам во љубовта Негова. 11Ова ви го реков за да остане радоста Моја во вас и радоста ваша да биде полна. 12Ова е Моја заповед: да се љубите еден со друг, како што ве возљубив Јас. 13Никој нема поголема љубов од оваа: да ја положи душата своја за своите пријатели. 14Вие сте Ми пријатели ако го вршите она што ви заповедам Јас. 15Веќе не ве нарекувам слуги, зашто слугата не знае што работи господарот; туку ве нареков пријатели, бидејќи ви кажав сѐ што сум чул од Мојот Отец. 16Вие не Ме избравте Мене, туку Јас ве избрав вас и ве поставив да одите и род да принесете и родот ваш да остане, та, што и да посакате од Отецот во Мое име, да ви даде. 17Оваа заповед ви ја давам: да се љу­бите еден со друг.

Skip to toolbar