Почеток на Исусовата служба
Исусовите јавни чуда
Исус се фокусира на учениците
Исусовото приведување и распнување
Исусовото воскресение

Исус исцелува слепороден човек

1Минувајќи, виде еден човек, слеп од раѓање. 2Учениците Негови Го прашаа и рекоа: „Рави, кој згрешил – тој или ро­дителите негови, та се родил слеп?“ 3Исус одговори: „Ниту тој, ниту родителите негови згрешиле, туку за да се јават делата Божји врз него. 4Јас треба да ги вршам делата на Оној што Ме прати додека е ден; настапува ноќ, кога не ќе може никој да работи. 5Додека сум во светот, Јас сум Свет­лина на светот.“ 6Штом го рече тоа, плукна на земја, направи кал со плунката и ги намачка со неа очите на слепиот, 7и му рече: „Отиди и измиј се во ба­њата Силоам!“, што значи: „Испратен.“ Тој отиде, се изми и дојде гледајќи. 8А соседите и оние, што порано го беа гледале како слеп, рекоа: „Зар не е овој што седеше и просеше?“ 9Едни велеа: „Тој е“, а други: „Личи на него.“ Тој, пак, зборуваше: „Јас сум.“ 10Тогаш го прашаа: „Како ти се от­во­рија очите?“ 11Тој одговори и рече: „Еден Човек, Кој се вика Исус, направи кал, ми ги на­мачка очите и ми рече: ‚Отиди во бањата Силоам и изми се!‘ Отидов, се измив и прогледав.“ 12Пак го прашаа: „Каде е Тој?“ Тој рече: „Не знам.“

Skip to toolbar