22Потоа дојде Исус со учениците Свои во земјата Јудејска, и таму живееше со нив и крштеваше. 23А Јован крштеваше во Енон, близу Салим, зашто таму имаше многу вода; и доаѓаа и се крштеваа, 24зашто Јован уште не беше фрлен во затвор. 25Тогаш настана расправија меѓу учениците Јованови и Јудејците околу очистувањето. 26И дојдоа кај Јован и му рекоа: „Рави, Оној што беше со тебе од другата страна на Јордан и за Кого ти сведочеше, ете, Тој крштева и сите одат кај Него.“ 27А Јован одговори и рече: „Не може човек ништо да прими, ако не му е дадено од небото. 28Вие самите ми сведочите дека реков: ‚Јас не сум Христос, но сум испратен пред Него.‘ 29Оној што ја има невестата е младоженец; а пријателот на младоженецот, кој стои и го слуша, многу се радува на гласот од младоженецот. Оваа моја радост се исполни. 30Тој треба да расте, а јас да се смалувам!“
Прашање за размислување: Како треба да го живееме, за нашиот живот да го прославува и воздигнува Христос, а нашето его да се смалува?