Почеток на Исусовата служба
Исусовите јавни чуда
Исус се фокусира на учениците
Исусовото приведување и распнување
Исусовото воскресение

Исус говори за Својот предавник

21Штом го рече ова, Исус, потресен во духот, посведочи и рече: „Вистина, вистина ви зборувам дека еден од вас ќе Ме предаде.“ 22Тогаш учениците почнаа да се пог­леднуваат еден со друг, не разбирајќи за кого зборува. 23А еден од учениците, кого Исус го сакаше, беше се навалил на градите Исусови. 24Нему му даде знак Симон Петар да праша кој ли ќе е тој за кого што гово­ри. 25Тој, пак, се навали на градите Ису­со­ви и Му рече: „Кој е Господи?“ 26Исус одговори: „Оној е, на кого Јас ќе му натопам залак и ќе му го пода­дам.“ И кога натопи залак, му го подаде на Јуда Симонов Искариотски. 27И тогаш, по залакот, сатаната влезе во него. А Исус му рече: „Што ќе пра­виш, прави побргу!“ 28А никој од оние што седеа на трпе­зата не разбраа зошто му го рече тоа. 29Но, бидејќи Јуда го чуваше ковче­жето, некои помислија дека Исус му ре­че: „Купи што ни треба за празникот!“ или да раздаде нешто на сиромасите. 30А тој, штом го зеде залакот, веднаш излезе. А беше ноќ.

Skip to toolbar