Почеток на Исусовата служба
Исусовите јавни чуда
Исус се фокусира на учениците
Исусовото приведување и распнување
Исусовото воскресение

Исус говори за Својата смрт

27Душата сега Ми се нажали, и што да кажам? Оче, избави Ме од овој час! Но, заради тоа и дојдов за овој час. 28Оче, прослави го името Свое!“ То­гаш дојде глас од небото: „И прославив, и пак ќе прославам.“ 29А народот што стоеше, кога го чу тоа, велеше: „Загрми!“, други, пак, ре­коа: „Ангел Му проговори!“ 30Исус одговори и рече: „Овој глас не беше заради Мене, туку заради вас. 31Сега е судот на овој свет; сега кнезот на овој свет ќе биде исфрлен надвор. 32И кога Јас ќе бидам издигнат од земјата, сите ќе ги привлечам кон Се­бе.“ 33А ова го зборуваше за да покаже со каква смрт ќе умре. 34Народот Му одговори: „Сме слу­ша­ле од Законот дека Христос вечно ќе остане, а како Ти велиш дека Синот Чо­вечки треба да биде издигнат? Кој е Тој Син Човечки?“ 35Тогаш Исус им рече: „Уште малку време Светлината е со вас; одете додека има Светлина за да не ве опфати темнина; а кој оди по темнина, не знае каде оди. 36Додека ја имате Светлината, верувајте во светлината, за да бидете синови на Светлината!“ Штом го рече тоа, Исус си замина и се сокри од нив.

Skip to toolbar