Почеток на Исусовата служба
Исусовите јавни чуда
Исус се фокусира на учениците
Исусовото приведување и распнување
Исусовото воскресение

Исус е Патот кон Отецот

1Да не се плаши срцето ваше; верувајте во Бога и во Мене ве­рувајте. 2Во домот на Мојот Отец има многу места за живеење. А да немаше, зарем Јас ќе ви кажев: ‚Одам да ви приготвам место‘? 3Кога ќе отидам и ќе ви приготвам место, пак ќе дојдам и ќе ве земам вас кај Себе за да бидете и вие каде што сум Јас. 4А каде одам Јас знаете и патот го знаете.“ 5Тома Му рече: „Господи, не знаеме каде одиш; и како можеме патот да го знаеме?“ 6Исус му рече: „Јас сум Патот, Вис­тината и Животот; никој не доаѓа кај Отецот, освен преку Мене. 7Ако Ме бевте познавале, ќе го поз­на­вавте и Мојот Отец. А отсега Го познавате, и сте Го виделе.“ 8Филип Му рече: „Господи, покажи ни Го Отецот, и доста ни е!“ 9Му одговори Исус: „Толку време сум со вас, и зар не си Ме познал, Фи­липе? Кој Ме видел Мене, Го видел Отецот, па како ти велиш: ‚Покажи ни Го Отецот?‘ 10Не веруваш ли дека Јас сум во Оте­цот, и дека Отецот е во Мене? Збо­ро­ви­те што ви ги кажувам, од Себе не ги зборувам; туку од Отецот, Кој е секогаш во Мене, Тој ги врши делата. 11Верувајте Ми дека Јас сум во Оте­цот и Отецот е во Мене. Ако ли, пак, не – тогаш верувајте во Мене заради делата. 12Вистина, вистина ви велам: кој ве­рува во Мене, делата што ги вршам Јас и тој ќе ги врши, и поголеми од нив ќе врши; зашто Јас си одам кај Својот Отец; 13и што и да посакате од Отецот во Мое име, ќе ви го исполнам, за да се прослави Отецот во Синот. 14Ако посакате нешто во Мое име, Јас ќе го направам.

Skip to toolbar