Почеток на Исусовата служба
Исусовите јавни чуда
Исус се фокусира на учениците
Исусовото приведување и распнување
Исусовото воскресение

Повикот до Филип и Натаниел

43На другиот ден Исус намисли да отиде во Галилеја и го најде Филип, па му рече: „Врви по Мене!“ 44И Филип беше од Витсаида, од градот на Андреј и Петар[a]45Филип го најде Натанаил и му рече: „Го најдовме Оној за Кого пишуваше Мојсеј во Законот и Пророците – Исус, синот Јосифов од Назарет!“ 46А Натанаил му рече: „Може ли нешто добро да излезе од Назарет?“ Филип му рече: „Дојди и види!“ 47Исус, кога го виде Натанаил како доаѓа кај Него, рече: „Еве вистински Израилец, во кого нема лукавство!“ 48Натанаил Му рече: „Од каде ме познаваш?“ Исус му одговори и рече: „Уште пред да те повика Филип, кога беше под смоквата, Јас те видов.“ 49Му одговори Натанаил и рече: „Рави! Ти си Син Божји, Ти си Царот на Израил!“ 50А Исус, одговарајќи, му кажа: „Да­ли веруваш, бидејќи ти реков дека те видов под смоквата? Ќе видиш повеќе од ова.“ 51И пак рече: „Вистина, вистина ви велам: отсега ќе го гледате небото от­во­рено и ангелите Божји како се иска­чу­ваат и слегуваат над Синот Човечки.


×

1.5 Прашање

Skip to toolbar