Почеток на Исусовата служба
Исусовите јавни чуда
Исус се фокусира на учениците
Исусовото приведување и распнување
Исусовото воскресение

Фарисеите го испитуваат исцелението

13Тогаш го одведоа кај фарисеите чо­векот, кој порано беше слеп. 14А беше сабота кога направи Исус кал и му ги отвори очите. 15Го прашаа, пак, исто така и фарисе­ите: „Како прогледа?“ Тој им одговори: „Ми кладе кал на очите, се измив и сега гледам.“ 16Тогаш некои од фарисеите рекоа: „Не е од Бога Овој човек, штом не ја запазува саботата.“ Други рекоа: „Како може грешен човек да прави такви чу­да?“ И настана расправија меѓу нив. 17Пак му рекоа на слепиот: „Ти што велиш за оној што ти ги отвори очите?“ А тој рече: „Пророк е!“ 18Но Јудејците не поверуваа за него дека бил слеп и прогледал додека не ги повикаа родителите на оној што прогледа, 19и ги прашаа, велејќи: „Дали е овој вашиот син, за кого велите дека се родил слеп?“ Па, како сега гледа? 20Родителите негови одговорија и им рекоа: „Знаеме дека е овој наш син и дека се роди слеп; 21но како сега гледа, не знаеме; или, кој му ги отвори очите, не знаеме. Тој е голем; прашајте го него, нека ви каже сам за себе!“ 22Ова го рекоа неговите родители, би­дејќи се плашеа од Јудејците; зашто Ју­дејците се беа согласиле да биде ис­клу­чен од синагогата секој што ќе Го признае за Христос. 23Затоа и родителите негови рекоа: „Тој е возрасен, него прашајте го!“ 24Тогаш повторно го повикаа човекот што беше порано слеп и му рекоа: „Прослави Го Бога! Ние знаеме дека Оној Човек е грешен!“ 25А тој одговори и рече: „Дали е гре­шен, не знам; но знам дека бев слеп, а сега гледам.“ 26Пак му рекоа: „Што ти направи? Како ти ги отвори очите?“ 27Тој им одговори: „Јас веќе ви реков и не чувте; зошто сакате пак да чуете? Да не сакате можеби и вие да Му ста­не­те ученици?“ 28А тие го укорија и му рекоа: „Ти си Негов ученик, а ние сме Мојсееви ученици! 29Ние знаеме дека со Мојсеј говорел Бог; а Овој не знаеме од каде е.“ 30Одговори човекот и им рече: „Тоа е и за чудење, што вие не знаете од каде е, а мене, сепак, ми ги отвори очите! 31Знаеме дека Бог не слуша греш­ни­ци: но оној што Го почитува Бога и ја исполнува Неговата волја, него го слуша. 32Откако е веков, не се чуло некој да отворил очи на слепороден. 33И ако Тој не беше од Бога, не ќе можеше да направи ништо.“ 34Одговорија и му рекоа: „Сиот си во гревови роден, па зар ти нас ќе нѐ учиш?“ И го избркаа надвор.

Skip to toolbar