29На другиот ден Го виде Јован Исуса како доаѓа кај него и рече: „Еве Го Јагнето Божјо, Кое ги зема гревовите на светот врз Себе! 30Овој е оној, за Кого реков: по мене иде Човек, Кој пред мене беше, бидејќи постоеше пред мене. 31Јас не Го познавав, но дојдов да крштевам со вода, за Тој да му биде објавен на Израил.“ 32И сведочеше Јован, велејќи: „Го видов Духот да слегува од небото како гулаб и остана над Него. 33Јас не Го познавав, но Оној, што ме прати да крштевам со вода, Тој ми рече: ‚Врз Кого ќе видиш дека слегува Духот и дека останува над Него, Тој е Оној што ќе крштева со Дух Свети.‘ 34И јас видов и посведочив дека Тој е Син Божји.“