И последниот предизвик е да не останеме со Библијата во рака само за Божиќ или само за Велигден. Ајде оваа година да одвоиме еден час неделно кога во друштво со други верници (онлајн) ќе ја читаме и дискутираме Библијата, а потоа и применуваме во нашите животи.
„Човекот не ќе живее само од леб, туку од секој збор, што излегува од устата на Бога“
(– Исус Христос, ев. Матеј 4:4, Библијата)
Библијата нуди изобилство на универзални вистини и безвременска мудрост која ако ја примениме во нашите животи ќе ни даде вистинско исполнување, смисла, радост и мир во овој хаотичен свет. За таа цел организираме интерактивни групи за проучување на Библијата. За да се пријавите, кликнете: ТУКА.
Групите ќе бидат во опуштена кафе-атмосфера. Сите ќе имаат можност да учествуваат во читање и коментирање на пасуси од Библијата. Групите се состануваат еднаш неделно, во живо или онлајн, во време кое најмногу ќе одговара на вашата група. Проучувањето трае околу 1 час. Ќе започнеме со проучување на евангелието по Јован. Поканети се сите заинтересирани, без разлика дали се православни, католици или протестанти. Ќе се фокусираме на она што е заедничко и што ги зближува христијаните (основите на верата), а не она што е различно и ги разделува (црковните разлики).