Почеток на Исусовата служба
Исусовите јавни чуда
Исус се фокусира на учениците
Исусовото приведување и распнување
Исусовото воскресение

Сведочење за Исус

30Јас ништо не можам да правам Сам од Себе. Како што слушам, така и судам, и Мојот суд е праведен, зашто не ја барам Мојата волја, туку волјата на Отецот Кој Ме прати. 31Ако Јас сведочам Сам за Себе, све­доштвото Мое нема да биде вистинито. 32Но има Друг што сведочи за Мене; и знам дека е вистинито тоа сведоштво со кое Тој сведочи за Мене. 33Вие пративте кај Јован и тој ви посведочи за вистината. 34Не дека Јас примам сведоштво од човек; туку ова го кажувам за да се спасите вие. 35Тој беше светило што гори и свети, а вие сакавте да се порадувате на неговата светлина за кратко време. 36Но Јас имам поголемо сведоштво од Јовановото; делата што Ми ги даде Отецот да ги извршам, самите тие дела, што ги извршувам Јас, сведочат за Мене дека Ме пратил Отецот. 37И Отецот, Кој Ме прати, Сам пос­ведочи за Мене. А вие ни гласот Негов никогаш не сте го чуле, ниту лицето Негово сте го виделе. 38И зборовите Негови не се во вас, зашто не верувате во Оној кого Го пра­тил Тој. 39Ги истражувате Писмата, зашто вие мислите дека во нив имате живот вечен; а токму тие сведочат за Мене. 40Но не сакате да дојдете кај Мене за да имате живот. 41Од луѓе слава не примам, 42но Јас ве познавам дека во себе љубов Божја немате. 43Јас дојдов во името на Мојот Отец и не Ме примате; а некој друг, ако дојде во свое име, него ќе го примите. 44Како можете вие да поверувате ко­га примате слава еден од друг, а славата, што е од Единиот Бог, не ја барате? 45Немојте да мислите дека Јас ќе ве обвинувам пред Отецот; има кој да говори против вас – Мојсеј, на кого вие се надевате. 46Зашто, ако му бевте верувале на Мојсеј, и Мене ќе Ми поверувавте, заш­то тој пишуваше за Мене. 47Ако, пак, на неговите Писанија не поверувавте, како тогаш ќе им поверувате на Моите зборови?“

Skip to toolbar