Почеток на Исусовата служба
Исусовите јавни чуда
Исус се фокусира на учениците
Исусовото приведување и распнување
Исусовото воскресение

Празниот гроб

1Во првиот ден од седмицата Марија Магдалена дојде на гробот рано, уште додека беше темно, и виде дека каменот од гробот е поместен. 2Тогаш отрча и дојде кај Симон Пе­тар и кај другиот ученик, кого Исус го љубеше, и им рече: „Го зема­ле Господа од гробот и не знам каде Го положиле.“ 3Тогаш излезе Петар и другиот ученик, и појдоа кон гробот. 4И обајцата трчаа заедно, но другиот ученик трчаше побргу од Петар и прв дојде до гробот. 5И кога се наведна, виде дека лежи само повојот; но не влезе. 6По него дојде Симон Петар, влезе во гробот и виде дека само повојот стои; 7а крпата, што Му беше на главата негова, не стоеше кај повојот, туку од­делно, свиткана на едно место. 8Тогаш влезе и другиот ученик, кој прв дојде до гробот, и виде, и поверува, 9зашто уште не го знаеја Писмото де­ка Тој треба да воскресне од мртвите. 10Тогаш учениците се вратија дома.

Skip to toolbar