Почеток на Исусовата служба
Исусовите јавни чуда
Исус се фокусира на учениците
Исусовото приведување и распнување
Исусовото воскресение

Помазанието на Исус во Витанија

1На шест дни пред Пасха дојде Исус во Витанија, каде што бе­ше умрениот Лазар, кого го воскресна од мртвите. 2Таму Му приготвија вечера и Марта послужуваше, а Лазар беше еден од оние што седеа со Него на трпезата. 3А Марија, откако зеде литар чисто скапоце­но миро, ги помаза нозете Ису­сови и ги избриша со косата своја нозе­те Негови; а куќата се исполни со мирис од мирото. 4Еден од учениците Негови, Јуда Си­монов Искариотски, кој сакаше да Го пре­даде, рече: 5„Зошто не се продаде ова миро за триста денарии, и тоа да се раздадеше на сиромаси?“ 6Ова тој го рече не дека се грижеше за сиромасите, туку зашто беше крадец. Тој го чуваше ковчежето и крадеше од она што пуштаа во него. 7А Исус рече: „Оставете ја! Таа го за­пази тоа за денот на Мојот погреб; 8зашто сиромасите ги имате секогаш покрај себе, а Мене Ме немате секогаш.

Заговор и против Лазар

9Мнозина од Јудејците разбраа дека Исус е таму, па дојдоа не само заради Исус, туку да го видат и Лазар, кого Тој го воскресна од мртвите. 10А првосвештениците се договорија да го убијат и Лазар, 11зашто мнозина од Јудејците доаѓаа поради него и веруваа во Исуса.

Skip to toolbar