24А Тома, еден од дванаесетмината, наречен Близнак, не беше со нив кога дојде Исус. 25Другите ученици му рекоа: „Го видовме Господа!“ А тој им рече: „Додека не ги видам раните од клинците на рацете Негови, и не го ставам прстот свој во раните од клинците, и не ја ставам раката своја во ребрата Негови, нема да поверувам!“ 26А по осум дена учениците Негови пак беа собрани, и Тома со нив. Дојде Исус, кога вратата беше заклучена, застана меѓу нив и рече: „Мир вам!“ 27Потоа му рече на Тома: „Дај го прстот свој овде и види ги рацете Мои; дај ја раката своја и стави ја во ребрата Мои; и не биди неверник, туку верник!“ 28Одговори Тома и Му рече: „Господ мој и Бог мој!“ 29Исус му рече: „Ти поверува затоа што Ме виде; блажени се оние кои не виделе, а поверувале.“
Целта на оваа книга
30И многу други чуда изврши Исус пред учениците Свои, што не се запишани во оваа книга. 31А овие се запишани за да поверувате дека Исус е Христос, Син Божји, и верувајќи да имате живот во Неговото име.