Почеток на Исусовата служба
Исусовите јавни чуда
Исус се фокусира на учениците
Исусовото приведување и распнување
Исусовото воскресение

Лебот на животот

25И штом Го најдоа отаде морето, Му рекоа: „Рави, кога дојде овде?“ 26А Исус им одговори и рече: „Вис­ти­на, вистина ви велам: вие не Ме барате затоа што видовте чуда, туку затоа што јадевте од лебовите и се наситивте. 27Работете не за храна што се расипува, туку за храна што останува за вечен живот и која ќе ви ја даде Синот Чо­веч­ки, зашто врз Него ставил печат Бог Отецот.“ 28А тие Му рекоа: „Што да правиме за да извршуваме Божји дела?“ 29Исус им одговори и рече: „Божјото дело е ова: да поверувате во Оној Кого Го испрати Тој.“ 30А тие Му рекоа: „Каков знак ќе ни покажеш да видиме и да поверуваме? Што ќе направиш? 31Татковците наши јадеа мана во пус­тината, како што е напишано: ‚Леб од небото им даде да јадат.‘“ 32Но Исус им рече: „Вистина, вистина ви велам: не ви даде Мојсеј леб од не­бото, туку Мојот Отец ви дава вистински леб од небото. 33Зашто лебот Божји е Оној, Кој сле­гува од небото и му дава живот на светот.“ 34Тогаш Му рекоа: „Господи, да­вај ни го секогаш тој леб!“ 35А Исус им рече: „Јас сум лебот на животот; кој доаѓа кај Мене, нема да ог­ладни и кој верува во Мене, нема никогаш да ожедни. 36Но ви реков: вие и Ме видовте и не верувате. 37Сѐ што Ми дава Отецот, ќе дојде кај Мене; а кој доаѓа кај Мене, нема да го избркам надвор; 38зашто Јас слегов од небото не да ја извршувам Мојата волја, туку волјата на Отецот, Кој Ме прати. 39А волјата на Отецот, Кој Ме прати, е оваа: од сѐ што Ми дал да не загубам ништо, туку да го воскреснам во последниот ден. 40А оваа е волјата на Оној што Ме прати: секој што ќе го види Синот и ќе поверува во Него да има вечен живот, и Јас ќе го воскреснам во последниот ден.“ 41Негодуваа против Него Ју­деј­ци­те, зашто рече: „Јас сум лебот што сле­зе од небото“, 42и зборуваа: „Зар не е Овој Исус, Јо­сифовиот син, Чиј татко и мајка ги познававме? Како тогаш Тој вели: ‚Слегов од небото.‘“ 43Им одговори Исус и рече: „Не мр­морете меѓу себе. 44Никој не може да дојде кај Мене, ако не го привлече Отецот, Кој Ме пра­ти; и Јас ќе го воскреснам во последни­от ден. 45Кај Пророците е напишано: ‚И ќе бидат сите од Бога научени.‘ Секој што чул од Отецот и се научил, доаѓа кај Мене. 46Не дека некој Го видел Бога, освен Оној Кој е од Бога; Тој го видел Отецот. 47Вистина, вистина ви велам: Кој верува во Мене има вечен живот. 48Јас сум лебот на животот. 49Татковците ваши јадеа мана во пус­тината и умреа; 50а ова е леб што доаѓа од небото, и оној, кој јаде од него, нема да умре. 51Јас сум живиот леб што слезе од не­бото; кој јаде од овој леб, ќе живее веч­но; а лебот што ќе го дадам Јас, е Мо­ето тело, што ќе го предадам за животот на светот.“ 52Јудејците пак почнаа да се препира­ат меѓу себе, велејќи: „Како може Овој да ни го даде телото Свое да го јадеме?“ 53А Исус им рече: „Вистина, вистина ви кажувам: ако не го јадете телото на Синот Човечки и не ја пиете крвта Не­гова, не ќе имате живот во себе. 54Кој го јаде Моето тело и ја пие Мо­јата крв, има живот вечен и Јас ќе го воскреснам во последниот ден. 55Зашто Моето тело е вистинска хра­на, и Мојата крв – вистинско питие. 56Кој јаде од Моето тело и пие од Мо­јата крв, ќе биде во Мене и Јас во него. 57Како што Ме прати живиот Отец и Јас живеам преку Отецот, така и тој што јаде од Мене, ќе живее преку Ме­не. 58Ова е лебот што слезе од небото, а не како татковците ваши што јадеа мана и изумреа; кој јаде од овој леб, ќе живее довека.“ 59Ова го кажа Исус во синагогата, кога поучуваше во Капернаум.

Skip to toolbar