Почеток на Исусовата служба
Исусовите јавни чуда
Исус се фокусира на учениците
Исусовото приведување и распнување
Исусовото воскресение

Исус ѝ се јавува на Марија Магдалена

11А Марија стоеше кај гробот однадвор и плачеше. И, плачејќи, се наведна над гробот; 12и виде два ангела во бели облеки како седат, едниот кај главата, а други­от кај нозете, каде што беше лежело те­лото Исусово. 13Тие ѝ рекоа: „Жено, зошто пла­чеш?“ Им одговори: „Го земале Гос­по­да мој и не знам каде Го положиле!“ 14Штом го рече ова, се заврте назад и Го виде Исуса како стои; но не знаеше дека е Исус. 15Исус ѝ рече: „Жено, зошто плачеш? Кого го бараш?“ Таа, мислејќи дека е градинарот, Му рече: „Господине, ако си Го зел Ти, кажи ми каде си Го поло­жил, и јас ќе Го земам.“ 16Исус ѝ рече: „Марија!“ Таа се заврти и Му рече: „Равуни“ – што значи: „Учителе!“ 17И рече Исус: „Не допирај се до Ме­не, зашто уште не сум се вратил кај Мо­јот Отец; туку отиди кај браќата Мои и кажи им: се враќам кај Својот Отец и вашиот Отец, кај Својот Бог и кај вашиот Бог.“ 18Дојде Марија Магдалена и им кажа на учениците дека Го видела Господа и дека тоа ѝ рекол.

Skip to toolbar