Почеток на Исусовата служба
Исусовите јавни чуда
Исус се фокусира на учениците
Исусовото приведување и распнување
Исусовото воскресение

Исус се јавува на седум ученици

1Потоа пак им се јави Исус на учениците Свои кај Тиве­ри­јад­ското Море. А тоа се случи вака: 2беа заедно Симон Петар и Тома, наречен Близнак, Натанаил од Кана Галилејска, Заведеевите синови и двајца други од учениците Негови. 3Симон Петар им рече: „Ќе одам да ловам риба.“ Му рекоа: „И ние ќе дој­де­ме со тебе.“ Тогаш излегоа и веднаш влегоа во кораб, но таа ноќ ништо не уловија. 4А кога се раздени, застана Исус на брегот, само учениците не го познаа дека е Исус. 5Исус им рече: „Чеда, имате ли неш­то за јадење?“ Му одговорија: „Не.“ 6А Тој им рече: „Фрлете ја мрежата од десната страна на коработ и ќе нај­де­те!“ Ја фрлија, и не можеа веќе да ја из­влечат од многу риби. 7Тогаш ученикот, што го сакаше Исус, му рече на Петар: „Тоа е Господ!“ А Симон Петар, штом чу дека е Гос­под, си ја препаша облеката – зашто бе­ше необлечен, и се фрли во морето. 8А другите ученици, влечејќи ја мре­жата со риби, дојдоа со кораб, зашто не беа далеку од брегот, но само околу двесте лакти. 9Кога пак излегоа на брегот, видоа наложен оган, и на него ставена риба и леб. 10Исус им рече: „Донесете од рибите што ги уловивте сега!“ 11А Симон Петар влезе и ја извлече мрежата на брегот, полна со крупни ри­би, на број сто педесет и три; и макар што беа толку многу, мрежата не се скина. 12Исус им рече: „Дојдете, јадете!“ И никој не смееше да Го праша: „Кој си Ти?“, зашто гледаа дека е Господ. 13Исус пријде, зеде леб и им даде, исто така и риба. 14Ова беше веќе третпат како им се јави Исус на учениците Свои, откако воскресна од мртвите.

Skip to toolbar