10Но, штом отидоа браќата Негови, и Тој отиде на празникот, но не јавно, туку некако скришум. 11А Јудејците Го бараа на празникот и велеа: „Каде е Оној?“ 12И многу расправии имаше меѓу народот за Него; едни зборуваа: „Добар е“, а други велеа: „Не, туку го измамува народот!“ 13Но никој не зборуваше за Него отворено, поради страв од Јудејците. 14А на средината од празникот, влезе Исус во храмот и поучуваше. 15И се чудеа Јудејците, велејќи: „Како ги познава Овој Книгите, кога не учел?“ 16Тогаш им одговори Исус и рече: „Учењето Мое не е Мое, туку на Оној што Ме прати; 17и ако некој сака да ја врши волјата Негова, ќе разбере дали е ова учење од Бога, или Јас Самиот од Себе зборувам. 18Кој говори самиот од себе, тој си бара своја слава; а кој ја бара славата на Оној што Го пратил, Тој е вистинит и во Него нема неправда. 19Зар не ви го даде Мојсеј Законот? Но никој од вас не го исполнува Законот. Зошто сакате да Ме убиете?“ 20Народот одговори и рече: „Демонот е во тебе! Кој сака да Те убие?“ 21Одговори Исус и им рече: „Едно дело извршив и сите се чудите. 22Мојсеј ви го даде обрезанието, не затоа што тоа е од Мојсеј, туку од татковците – и вие во сабота обрезувате човек. 23Ако човек се обрезува во сабота, за да не се наруши Законот Мојсеев, на Мене ли се гневите што цел човек излекував во сабота? 24Не судете според надворешноста, туку судете со праведен суд!“ 25Тогаш некои од Ерусалим рекоа: „Не ли е Овој што Го бараат да Го убијат? 26Ете, јавно говори и ништо не Му велат. Да не се увериле и началниците дека е Тој навистина Христос? 27Но, Овој Го знаеме од каде е, а кога ќе дојде Христос никој не ќе знае од каде е.“ 28Тогаш Исус, поучувајќи во храмот, извика гласно и рече: „И Мене Ме познавате и знаете од каде сум; но Сам од Себе не дојдов, туку Тој што ме прати е Вистинитиот; Него вие не Го познавате. 29Јас, пак, Го знам, зашто сум од Него и Тој Ме прати.“ 30Тогаш сакаа да Го фатат, но никој не кладе рака на Него, бидејќи уште не беше дошол часот Негов. 31И мнозина од народот поверуваа во Него и велеа: „Кога ќе дојде Христос, зар ќе направи поголеми чуда отколку што направи Овој?“ 32Чуја фарисеите дека народот така зборува за Него, па испратија фарисеите и првосвештениците слуги да го фатат. 33Тогаш Исус им рече: „Уште малку време сум со вас, а потоа ќе отидам кај Оној Кој Ме прати. 34Ќе Ме барате и нема да Ме најдете; и каде што ќе бидам Јас, вие не ќе можете да дојдете.“ 35А Јудејците си рекоа меѓу себе: „Каде ќе оди Овој та да не можеме да Го најдеме? Да не сака да оди при раселените меѓу Елините, па и Елините да ги поучува? 36Што значат овие зборови: ‚Ќе Ме барате и не ќе Ме најдете‘; и ‚Каде што ќе бидам Јас, вие не ќе можете да дојдете?‘“