Почеток на Исусовата служба
Исусовите јавни чуда
Исус се фокусира на учениците
Исусовото приведување и распнување
Исусовото воскресение

Исус и Неговите браќа

1Потоа одеше Исус по Галилеја, за­тоа што не сакаше да оди во Јудеја, бидејќи Јудејците сакаа да Го убијат. 2Се приближуваше, пак, јудејскиот празник Сеници. 3Тогаш браќата Негови Му рекоа: „Излези одовде и оди во Јудеја, та и учениците Твои да ги видат делата што ги вршиш. 4Зашто никој не прави нешто тајно кога сака да се прочуе. Ако Ти ги вр­шиш овие работи, тогаш покажи се пред светот!“ 5Зашто и браќата Негови не веруваа во Него. 6А на тоа Исус им одговори: „Моето време уште не е дојдено, а за вас времето е секогаш погодно. 7Светов вас не може да ве мрази, а Мене Ме мрази, зашто Јас сведочам за него дека делата му се лоши. 8Вие отидете на овој празник; Јас нема да излезам на овој празник, зашто вре­мето Мое сѐ уште не се исполнило.“ 9Откако го рече тоа, остана во Гали­леја.

Skip to toolbar