Почеток на Исусовата служба
Исусовите јавни чуда
Исус се фокусира на учениците
Исусовото приведување и распнување
Исусовото воскресение

Исус исцелува момче на умирање

43А по два дни, Тој замина оттаму и отиде во Галилеја. 44Зашто Сам Исус беше посведочил дека пророкот во своето родно место нема чест. 45Кога дојде, пак, во Галилеја, Гали­лејците Го примија, зашто беа виделе сѐ што извршил во Ерусалим на праз­никот; зашто и тие беа на празникот. 46И така, Исус пак дојде во Кана Галилејска, каде што беше претворил вода во вино. Имаше еден царски човек, чиј син беше болен во Капернаум. 47Тој, штом чу дека Исус пристигнал од Јудеја во Галилеја, отиде кај Него и Го замоли да слезе и да му го излекува синот, зашто беше на умирање. 48А Исус му рече: „Ако не видите знаци и чуда, нема да поверувате?“ 49Царскиот човек Му рече: „Господи, дојди додека уште не ми умрело детето!“ 50А Исус му одговори: „Оди си! Тво­јот син е жив!“ И човекот поверува на зборот што му го кажа Исус и си замина. 51И веднаш, уште додека слегуваше, го сретнаа слугите негови и му јавија: „Синот твој е жив!“ 52А тој ги праша за часот кога му ста­нало полесно. Тие му одговорија: „Од вчера во седмиот час веќе нема треска.“ 53Тогаш таткото разбра дека тоа ста­нало во истиот час кога Исус му рече: „Твојот син е жив!“ И поверува тој и целиот негов дом. 54Ова беше второто чудо што го из­врши Исус, кога пристигна од Јудеја во Галилеја.

4.2 Прашање

Skip to toolbar