19А вечерта во истиот ден, првиот од седмицата, кога вратата, каде што беа учениците Негови собрани, беше затворена поради страв од Јудејците, дојде Исус, застана насреде и им рече: „Мир вам!“ 20И ова штом го рече, им ги покажа рацете и нозете и ребрата Свои. Се зарадуваа тогаш учениците, штом Го видоа Господа. 21А Исус пак им рече: „Мир вам! Како што Ме прати Отецот, така и Јас ве праќам.“ 22И кога им го кажа ова, дувна и им рече: „Примете Дух Свети! 23На кои ќе им ги простите гревовите, ќе им се простат, а на кои ќе им ги задржите, ќе им се задржат.“