12И пак им рече Исус, велејќи: „Јас сум Светлината на светот; кој врви по Мене нема да оди во темнина, а ќе ја има светлината во животот.“ 13Тогаш Му рекоа фарисеите: „Ти сведочиш Сам за Себе; Твоето сведоштво не е вистинито.“ 14Исус им одговори и рече: „Макар што сведочам Сам за Себе, Моето сведоштво е вистинито, зашто знам од каде сум дошол и каде одам; а вие не знаете од каде сум дошол и каде одам. 15Вие судите по телото, Јас не судам никому. 16И ако судам Јас, Мојот суд е вистинит, зашто не сум Сам, туку Јас и Отецот, Кој Ме прати. 17А и во законот ваш е напишано дека сведоштвото од двајца сведоци се смета за веродостојно. 18Јас сведочам за Себе и Отецот, Кој Ме прати, сведочи за Мене.“ 19Тогаш Му рекоа: „Каде е Твојот Отец?“ Исус одговори: „Вие не Ме знаете ниту Мене, ниту Мојот Отец; ако Ме знаевте Мене, ќе Го знаевте и Мојот Отец.“ 20Овие зборови ги кажа Исус кај ризницата, кога поучуваше во храмот; и никој не го фати, зашто уште не беше дошол часот Негов.
Коментар: Исус е видлива слика на невидливиот Бог. Исус ни го претставува карактерот, љубовта и вољата на Отецот. Кој го видел т.е. спознал Исус – тој го спознал и Отецот.