Почеток на Исусовата служба
Исусовите јавни чуда
Исус се фокусира на учениците
Исусовото приведување и распнување
Исусовото воскресение

Исус е приведен

1И штом го рече ова, Исус отиде со учениците Свои преку пото­кот Кедрон, каде што имаше градина, и во неа влезе Тој и учениците Негови. 2А тоа место го знаеше и Јуда, кој са­каше да Го предаде, зашто Исус често се собираше со учениците Свои таму. 3Тогаш Јуда, откако зеде една чета војници и слуги од првосвештениците и фарисеите, дојде таму со фенери, и со светила и со оружје. 4А Исус, знаејќи сѐ што ќе стане со Него, излезе и им рече: „Кого барате?“ 5Му одговорија: „Исус од Назарет!“ Исус им рече: „Јас сум.“ Со нив стоеше и Јуда, кој Го предаде. 6А кога им рече: „Јас сум“ – тие се повлекоа назад и паднаа на земјата. 7Тогаш пак ги праша: „Кого барате?“ А тие рекоа: „Исус од Назарет!“ 8Исус одговори: „Ви реков дека сум Јас; па, ако Ме барате Мене, оставете ги овие да си одат;“ 9за да се изврши словото кажано од Него: „Од оние што си Ми ги дал, никого не загубив.“ 10А Симон Петар, кој имаше нож, го извади, го удри слугата на првосвеш­те­никот и му го отсече десното уво. Име­то на слугата му беше Малх. 11Но Исус му рече на Петар: „Стави го ножот во ножницата. Зар да не ја испијам чашата што Ми ја даде Оте­цот?

Исус пред Ана

12Тогаш четата и заповедникот, и слугите јудејски, Го фатија Исуса и Го врзаа. 13И Го одведоа најнапред кај Ана, зашто тој беше дедо на Кајафа, кој во таа година беше првосвештеник. 14А Кајафа беше оној што ги посоветува Јудејците дека подобро е да умре еден човек за народот.

Skip to toolbar