Почеток на Исусовата служба
Исусовите јавни чуда
Исус се фокусира на учениците
Исусовото приведување и распнување
Исусовото воскресение

Исусовото сослушување

19Првосвештеникот, пак, Го праша Исуса за учениците Негови и за Не­го­вото учење. 20Исус му одговори: „Јас му зборував на светот јавно; Јас секогаш поучував во синагогата и во храмот, каде што секојпат се собираат Јудејците, и тајно ништо не сум зборувал. 21Зошто Ме прашуваш Мене? Пра­шај ги оние кои слушале што сум збо­рувал; тие знаат што сум говорел.“ 22Кога Тој го рече тоа, еден од слу­гите, кој стоеше близу, Го удри Исуса по образ и рече: „Така ли му одговараш на првосвештеникот?“ 23Исус му одговори: „Ако реков неш­то лошо, докажи го лошото; ако ли, пак, добро – зошто Ме удираш?“ 24Тогаш Ана Го прати врзан кај првосвештеникот Кајафа.

Skip to toolbar