Почеток на Исусовата служба
Исусовите јавни чуда
Исус се фокусира на учениците
Исусовото приведување и распнување
Исусовото воскресение

Исусовото распнување

17И носејќи го Својот крст, Тој излезе на местото наречено Черепница, а по еврејски Голгота; 18таму Го распнаа, а со Него и други двајца, од едната и од другата страна, а насреде – Исус. 19Пилат, пак, напиша и натпис, и го кладе на крстот. А беше напишано: „Исус од Назарет, цар Јудејски.“ 20Овој натпис го читаа мнозина од Јудејците, бидејќи местото, каде што беше распнат Исус беше близу до гра­дот; а беше напишано на еврејски, грч­ки и латински. 21Првосвештениците, пак, јудејски му рекоа на Пилат: „Не пишувај: Цар Ју­дејски, туку дека Тој рече: Јас сум Цар Јудејски.“ 22Пилат одговори: „Што напишав, на­пишав.“ 23А војниците, кога Го распнаа Ису­са, ги зедоа алиштата Негови и ги раз­де­лија на четири дела, на секој војник по еден дел и хитонот. Хитонот, пак, не бе­ше шиен, туку исткаен одозгора па до­долу. 24Тогаш си рекоа: „Да не го раскинуваме, но да фрлиме за него ждрепка, чиј ќе биде“ – за да се збидне кажаното во Писмото: „Ги разделија алиштата Мои меѓу себе и за облеката Моја фрлија ждрепка.“ Така и направија војниците. 25Покрај крстот Исусов стоеја мајка Му Негова и сестрата на мајка Му, Марија Клеопова, и Марија Магдалена. 26А Исус, штом ја виде мајка Си, и ученикот кого посебно го љубеше, како стои, ѝ рече на мајка Си: „Жено, ете ти син!“ 27Потоа му рече на ученикот: „Ете ти мајка!“ И од тој час ученикот ја зеде кај себе.

Skip to toolbar