Почеток на Исусовата служба
Исусовите јавни чуда
Исус се фокусира на учениците
Исусовото приведување и распнување
Исусовото воскресение

Исусовото заминување и опомена до неверните

21Пак им рече Исус: „Јас си одам, а вие ќе Ме барате и во својот грев ќе ум­рете. Каде што ќе одам Јас, вие не мо­жете да дојдете.“ 22Тогаш Јудејците рекоа: „Да не сака да се самоубие и затоа вели: каде што ќе одам Јас, вие не можете да дојдете?“ 23И им рече: „Вие сте од долу, а Јас сум од горе: вие сте од овој свет, Јас, пак, не сум од овој свет. 24Затоа ви реков дека ќе умрете во своите гревови; бидејќи, ако не по­верувате дека Јас Сум Тој, ќе умрете во гревовите свои.“ 25Тогаш Му рекоа: „Кој си Ти?“ Исус им одговори: „По­четок, како што и ви велам. 26Многу имам за вас да зборувам и да судам; но, Оној што Ме прати е вистинит и она што сум чул од Него, тоа и му го кажувам на светот.“ 27Но не разбраа дека им говореше за Отецот. 28А Исус им рече: „Кога ќе Го из­диг­нете Синот Човечки, тогаш ќе сфатите дека сум Јас и дека ништо не правам Сам од Себе, туку, како што Ме научи Мојот Отец, така и зборувам. 29Оној што Ме прати е со Мене; Оте­цот не Ме остави Сам, зашто секогаш го вршам она што Му е угодно.“ 30Кога Тој го зборуваше ова, мнозина поверуваа во Него.

Skip to toolbar