Почеток на Исусовата служба
Исусовите јавни чуда
Исус се фокусира на учениците
Исусовото приведување и распнување
Исусовото воскресение

Исусовата власт

19А Исус им одговори на тоа и рече: „Вистина, вистина ви велам: Синот не може да прави ништо Сам од Себе, ако не види што прави Отецот; бидејќи она што го прави Тој, тоа истото го прави и Синот. 20Зашто, Отецот Го сака Својот Син и Му покажува сѐ што Самиот прави; и ќе Му покаже дела поголеми од овие, за да се чудите вие. 21Зашто, како што Отецот воскреснува мртви и ги оживува, така и Синот ги оживува оние кои сака. 22Отецот не суди никого, туку целиот суд Му го предаде на Синот; 23за сите да Го почитуваат Синот, како што Го почитуваат Отецот. Кој не Го почитува Синот, тој не Го почитува ниту Отецот, Кој Го пратил. 24Вистина, вистина ви велам: кој го слуша словото Мое и верува во Оној Кој Ме пратил, има живот вечен и нема да дојде на суд, туку преминал од смрт во живот. 25Вистина, вистина ви зборувам: иде часот и веќе е дојден, кога мртвите ќе го чујат гласот на Синот Божји, и тие што ќе го чујат, ќе оживеат. 26Зашто, како што Отецот има живот во Себе, така Му даде и на Синот да има живот во Себе; 27и Му даде власт и да суди, зашто Тој е Синот Човечки. 28Не чудете се на ова, зашто иде часот кога сите, кои се во гробовите, ќе го чујат гласот на Синот Божји, 29и ќе излезат: кои правеле добро – ќе воскреснат за живот, а кои правеле зло, ќе воскреснат за осудување.

Skip to toolbar