Почеток на Исусовата служба
Исусовите јавни чуда
Исус се фокусира на учениците
Исусовото приведување и распнување
Исусовото воскресение

Зборови за вечен живот

60Тогаш мнозина од учениците Него­ви, откако го слушнаа тоа, рекоа: „Тешки се овие зборови! Кој може да ги слуша!?“ 61А Исус, знаејќи во Себе дека уче­ни­ците Негови негодуваат заради тоа, им ре­че: „Зар ова ве соблазнува? 62А што ако Го видите Синот Чо­веч­ки како се вознесува горе, каде што бил порано? 63Духот е тој што оживува; телото ништо не ползува. Зборовите што ви ги кажав се дух и живот. 64Но има меѓу вас и некои што не ве­руваат.“ Исус знаеше од почеток кои се тие што не веруваат и кој е тој што ќе го предаде. 65И рече: „Затоа ви зборувам дека никој не може да дојде кај Мене, ако не му биде дадено од Мојот Отец.“ 66Од тоа време мнозина од Неговите ученици се повлекоа и не одеа веќе со Него. 67Тогаш им рече Исус на дванаесет­мината: „Да не сакате и вие да си отидете?“ 68А Симон Петар Му одговори: „Гос­поди, кај кого ќе отидеме? Ти имаш збо­рови за вечен живот, 69и ние поверувавме и познавме дека си Ти Христос, Син на живиот Бог.“ 70Исус им одговори: „Не ли ве избрав дванаесетмина? Но еден од вас е ѓа­вол1.“ 71А зборуваше за Јуда Симонов Ис­ка­риотски, зашто тој, иако еден од двана­есетмината, сакаше да Го предаде.


1 6,70. Грчкиот збор диаволос, од кој произлегува зборот ѓавол, примарно значи клеветник.

Skip to toolbar