Почеток на Исусовата служба
Исусовите јавни чуда
Исус се фокусира на учениците
Исусовото приведување и распнување
Исусовото воскресение

Задачите на Светиот Дух

1Ова ви го кажав за да не се соблазните. 2Ќе ве истеруваат од синагогите. Но, ќе настапи време кога секој што ќе ве убие, ќе мисли дека на Бога Му принесува служба. 3Тоа ќе го прават, зашто не Го познаа Отецот, ниту Мене. 4Но ви го кажав тоа, па кога ќе дојде времето, да се сетите дека Јас сум ви рекол; а од почетокот не ви го зборував ова, зашто бев со вас.

Задачите на Светиот Дух

5А сега одам кај Оној Кој Ме ис­пра­ти, и никој од вас не Ме праша: ‚Каде одиш?‘ 6Но затоа што ви го кажав ова, срцата ваши се исполнија со тага. 7Но Јас вистината ви ја кажувам: по­добро е за вас Јас да си отидам, зашто, ако не си отидам, Утешителот нема да дојде кај вас; ако, пак, заминам, ќе ви Го пратам. 8А Тој, кога ќе дојде, ќе го изобличи светот за грев, и за правда, и за суд: 9за грев – дека не веруваат во Мене; 10за правда – оти Јас си одам кај Својот Отец, и веќе нема да Ме видите; 11а за суд – зашто кнезот на овој свет е осуден. 12Имам уште многу да ви кажувам, но сега не можете да носите. 13А кога ќе дојде Тој, Духот на Вис­тината, ќе ве упати во сета вистина; но од Себе нема да зборува, туку ќе говори што чуе, и ќе ве извести за она што доаѓа. 14Тој Мене ќе Ме прослави, зашто од Моето ќе земе и ќе ви јави. 15Сѐ што има Отецот, Мое е; затоа и ви реков дека од Моето ќе земе и ќе ви јави.

Skip to toolbar