Почеток на Исусовата служба
Исусовите јавни чуда
Исус се фокусира на учениците
Исусовото приведување и распнување
Исусовото воскресение

Завршни зборови на писателот на евангелието

20А Петар, кога се заврти, виде дека по него оди оној кого Исус посебно го сакаше и кој на вечерата се беше на­ва­лил на градите Негови и прашуваше: „Господи, кој ќе Те предаде?“ 21Штом го виде Петар него, Му рече на Исус: „Господи, а овој, пак, зошто?“ 22Исус му рече: „Ако сакам тој да ос­тане додека да дојдам, тебе што ти е? Ти врви по Мене!“ 23И се пренесе овој збор меѓу браќата дека тој ученик нема да умре. Но Исус не му рече дека нема да умре, туку: „Ако сакам тој да остане додека дојдам, тебе што ти е?“ 24Тој е ученикот кој сведочи за овие нешта и кој го напиша ова; и знаеме дека све­доштвото негово е вистинско. 25А има и многу други работи што ги изврши Исус и кои, ако би се напишале по ред, ми се чини не би можеле да се сместат во целиот свет напишаните книги. Амин!

Skip to toolbar