Еден нов почеток во новата година нека биде и тоа да не се фокусираме само на себе, туку и на нашите најблиски. Размисли со што се соочуваат некои од твоите пријатели или членови на семејството – можеби здравствен проблем, финансиски предизвик, можеби депресија… Доколку не знаеш, сега е времето да ги прашаш како се, ова ќе им покаже дека ти значат и се грижиш за нив. Потоа, помоли се за тројца твои блиски и за нивните потреби. Моли се Бог да ги благослови со добро здравје и благосостојба во новата година.