Секое заспивање е умирање, секое будење е воскресение

Секое заспивање е умирање, секое будење е воскресение.

Бог во Неговата мудрост ни оставил секојдневен потсетник дека нашиот живот на земјата е кревок како цвет, и минлив како пареа. Она што честопати не сакаме да го признаеме е фактот дека ние немаме контрола над огромен дел од нашиот живот, и воопшто не сме господари на истиот.

Секоја вечер кога се предаваме на постелата и сонот, ние буквално капитулираме и губиме контрола над сè, ние „умираме“. Не го контролираме дишењето, ни срцето, ниту мозокот, ништо. Ние заспиваме во вера, со надеж дека утрото ќе нè раздени и ќе се разбудиме живи. И за самото будење се потпираме на некој или нешто да нè разбуди, ние самите не одлучуваме кога да излеземе од сонот, односно кога да „воскреснеме“.

Бог сака истата вера и надеж кои (свесно или несвесно) ги практикуваме при секое заспивање и будење, да ги положиме во Него, за нашето конечно „заспивање“ – смртта, и нашето конечно „будење“ – воскресението од мртвите.

Затоа, да престанеме да се преправаме дека сѐ е под наша контрола, да слеземе од замислениот ни престол, и да му ја довериме нашата надеж на Оној што умре и воскресна, и Кој ни е единствената надеж и сигурност за овој живот, и за идниот – Господ Исус Христос.

Фејсбук статус на пастор Филип Иванов.

Филип Иванов

Пастор на Еванглеската Црква – Велес

Хуманитарец и вљубеник во природата.

Добитник на наградата најуспешен граѓанин-филантроп за 2020 г. во општина Велес, за поттикнување на волонтеризам, добродетелство и хуманизам.

Интерактивни групи за проучување на Библијата

Велигден е одличен момент да се приклучите во една од многуте групи за проучување на Библијата. Групите се состануваат еднаш неделно, во време кое најмногу им одговара на сите. Сите имаат можност да учествуваат во читање и коментирање на пасуси од Библијата. Проучувањето трае околу еден час. Целосно се бесплатни. Групите се составени од луѓе со слична возраст…